ТКП
Тутун
0  /  100
Портрет

Тутун

Veni Vidi
Погон Тутун го организира производството на светски познатиот ориенталски тип на тутун „прилеп“ наречен според името на градот уште во далечната 1930 година.. Типот „прилеп“ се афирмира на меѓународниот пазар како многу ценет ориенталски тип, одгледуван во реони каде што нема присуство на големи фабрики загадувачи, односно во чиста околина. Типот „прилеп“ се одликува со ситни миризливи и ароматични листови, ткивото е нежно со портокалова и црвенкаста боја, со специфична и многу интензивна арома. Специфичната продорна арома, високата содржина на етерични смоли и масла, благиот вкус при пушењето и добрата согорливост се само некои од квалитетите што го прават овој тип тутун врвен зачин во најлуксузните цигари. Во фабрикацијата служи за ароматизирање и изработка на најквалитетни тутунски преработки. Откупениот тутун од индивидуалните производители, погон „ТУТУН“ го обработува, пакува и внимателно го чува сe до неговата испорака кон најразличните светски дестинации. Сиот обработен тутун се извезува. Продажните класи од ориенталскиот тип «прилеп» се следните: AB ABC KP DKP Можна е и испорака на други класи според посебните барања на купувачот.