Philip Morris – TKP
ФМТКП
0  /  100
Since 2014

Филип Морис ТКП

Veni Vidi Vici

„Филип Морис ТКП“ ДОО Скопје е компанија формирана во согласност со Договорот за стратешко партнерство меѓу „Филип Морис Интернешенел“ и „Тутунски Комбинат“ Прилеп, во 2014 година.

PMI

„Филип Морис Интернешенел“ (ФМИ) е водечка интернационална тутунска компанија, која има околу 77,000 вработени. Шест од врвните 15 интернационални брендови во светот се на ФМИ и истите се присутни на повеќе од 180 пазари, вклучувајќи го и Marlboro – број еден светски бренд на цигари. ФМИ има 46 производствени капацитети во 32 различни земји. Производите на ФМИ се избор на повеќе од 150 милиони потрошувачи низ целиот свет. Визијата на компанијата е замена на конвенционалните цигари со бездимни производи, што во моментов ги развива и продава во повеќе од 55 пазари низ целиот свет.

IQOS

Од 2020 година и на македонскиот пазар е достапен и IQOS, електронски уред кој го загрева, но не го гори тутунот, производ кој е резултат на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од ФМИ, во кој се инвестирани повеќе од 7 милијарди долари.

Партнерство

BRANDS

„Филип Морис ТКП“ е задолжена за производство, дистрибуција, промоција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар. Првиот меѓународен бренд од портфолиото на ФМИ произведен во капацитетите на Тутунски Комбинат Прилеп е Bond Street Blue Selection Soft, со што партнерството на двете компании станува оперативно и се докажуваат заемните придобивки за двете компании.

CHESTERFIELD

Успешното комбинирање на меѓународното искуство, знаење и репутација на ФМИ со производствените капацитети и силните локални темели на ТКП се докажува и понатаму со доаѓањето на светскиот бренд Честерфилд во декември 2014 година.

MARLBORO

Сериозноста на ова партнерство се потврдува и во 2019 година со производство на дел од портфолиото на Марлборо во капацитетите на Тутунскиот комбинат Прилеп.