ТКП
Историја
0  /  100
Преглед

Историја

Основач: R.O.T
Régie co-intéressée des tabacs de l'Empire ottoman
Година на основање:
1893, под управа на Шукри бег
Опитна станица
24 дек 1924

Режија

Акционерското друштво La Régie co-intrigued des Tabacs de l’Empire Ottoman беше основано во 1884 од Отоманската Банка, заедно со Kredit Anstalt од Виена и Банката Bleichrodez од Берлин. Целта беше преку приватни монополи да се наплатат долговите на Османлиската држава кон надворешните доверители. Ова АД (познато како „Режија“) имаше монопол врз експлоатацијата и продажбата на тутунот во Турција. Со цел да се бори против шверцот, Режијата организираше редовен систем на инспекција на насадите. Со цел да го унапреди тутунопроизводството, во особено погодните крајморски региони, Егејскиот, Црноморскиот и Македонија, таа им даваше аванси на тутунарите гарантирани со идниот род. Откупот се изведуваше со преговори и со можност за арбитража при несогласување. Тутунот потоа се обработуваше во складиштата на Режијата. Цигарни фабрики беа воспоставени во главните центри на производство, во Измир, Самсун, Солун и Алепо. Само авторизирана мрежа од продавачи може да тргуваат со нивните производи. Режијата беше најголема странска инвестиција во Отоманската Империја, Отоманската ризница добиваше само 5% дивиденда. Во 1925 Турската Република ја ликвидира Режијата, па се основа државниот турски монопол Текел, кој беше продаден во 2008 год. на British American Tobacco. Марки на цигари од Режијата: Grand Prix, En A'ala, A'ala, Yaka, Kemal, Orta Giubek, Selam, Nazir, Ahali, Asker, Osmanli.

Историјат

1873 - Првиот магацин за откуп и обработка на тутун во Прилеп е изграден во 1873 година, кога, всушност, започнува и формирањето на денешниот комбинат.

1924 – Управата на државни монополи од Стара Југославија носи одлука за основање на Опитна Станица во Стариот магацин по заслуга на инж. Рудолф Горник

1940-1945 работи Германо- българско тютюново АД „Нова македония“ Прилеп со помал капацитет од оној на Кралството Југославија

1949 - Со решение на Владата на поранешна Југославија е основано Државно стопанско претпријатие за откуп и обработка на тутун - Прилеп.