web site

 

 

 

 

 

 

Тутунскиот Комбинат АД Прилеп ТКП е компанија што врши откуп, обработка на висококвалитетен ориенталски тутун од типовите „прилеп“ и „јака“ и негова  продажба на познати светски компании.

ТКП е основан во 1873 година што претставува доволен показател за исклучително долгата традиција на компанијата, која успешно работи долго време, и претставува познат бренд во тутунскиот бизнис.

Од 1955 е основана супкомпанијата на ТКП за производство на цигари од типот "american blend". 

Има традиционална соработка со светски компании, како што се Philip Morris, KT&G, British American Tobacco, Japan Tobacco, R.J Reynolds Tobacco, Imperial Tobacco.

Вработените поседуваат соодветно образование и доволно искуство да им излезат во пресрет на секојдневните работни задачи.

Иако компанијата помина тежок период на транзиција, повторно се позиционира на домашни и светски пазари. Тоа најмногу се должи на креативноста на човечкиот фактор, постојаното вложување во модернизацијата на компанијата и на употребата на нови технологии.

Затоа инвестираме и се грижиме за нашите вработени. Инвестираме во фабриката. Имплементираме највисоки стандарди. Инвестираме само со една цел - да ги задоволиме барањата на нашите купувачи. За нив и постоиме.

 

 

 | Мапа на сајтот | Контакт | ©2008 Тутунски Комбинат - Прилеп