web site

 

 

 

 

 

ЈНУ Институт за Тутун

 

 

Хидросистем

Хидросистемот е со капацитет од шест милиони кубни метри вода за проектирани 5300ха. Со вода се снабдува од акумулацијата на вештачкото езеро „Прилеп“, изградено на реката „Оревоечка“ од страна на  инвеститорот ТКП со главна намена наводнување на  површините засадени со тутун.

Водата се користи за наводнување и како технолошка вода непрекинато од 1967 година. Сезоната за наводнување започнува во март со полнење на каналската мрежа, а крајот на сезоната е во октомври, кога се врши нејзиното празнење и конзервирање на истата.

Тутунскиот комбинат како инвеститор има изградено три ХМС во подрачјето на општината, чија основна цел е наводнување на површините под тутун, но со една основна определба : постојана и долгогодишна стабилизација на тутунското производство.

     Станува збор за следниве три хидромелиоративни системи;

 1.ХМС Прилепско поле изграден и предаден во употреба во далечната 1966 год.

2.ХМС Десово изграден и предаден во експлоатација 1988 год.

3.ХМС Браилово кој е најмлад и е во употреба од 1990 год.

     ХМС Прилепско Поле е изграден, според техничка документација,  за 5440 ха нето површина за наводнување, односно бруто 6200ха.

За натамошно усовршување на системот и за олеснување на наводнувањето на тутунопроизводителите,  ТКП како инвеститор догради детална мрежа, со што денеска се покриваат нето површини од 2750 ха  и на тој начин се овозможува крајно користење на површините за наводнување и нормирање на количествата вода што се употребуваат за наводнување.

 

 

 

 

 

 
 Мапа на сајтот | Контакт | ©2008 Тутунски Комбинат - Прилеп