
Основните цели на компанијата
- зголемување на количините на откупен тутун од примарните производители -кооперанти, што ќе претставува солидна основа за зголемено производство на ферментиран тутун и цигари, како и пласман на странските пазари;
- враќање на угледот и реномето на домашниот и на странскиот пазар, посебно со деловните партнери.
За остварување на поставените цели се спроведуваат следниве глобални активности:
- намалување на непотребните и непродуктивни трошоци;
- зголемување на користењето на расположливите капацитети, обемот на производството, подобро искористување на ангажираната работна сила;
- подобрување на организационата поставеност и зголемување на ефикасноста на менаџментот на компанијата на сите нивоа и воспоставување ефикасен менаџмент - информационен систем;
- агресивен настап на пазарите - формирање силен маркетинг - сектор или користење услуги од специјализирана агенција за промоција и маркетинг;
- подигање на повисоко ниво на соработка со примарните производители - кооперанти во секој поглед;
- повторно воспоставување на соработка со домашните и странските деловни и активности за отворање нови пазари.
